Газдите на Манчестер Сити многу брзо реагираа на веста за исклучување на клубот од европските натпреварувања.

Според The Telegraph, само еден час по добивањето на решението на УЕФА, сите фудбалери добија СМС пораки да дојдат на состанок со извршниот директор Ферано Сориано. Состанокот беше одржан во текот на вчерашниот ден.

На средбата Сориано ги информираше фудбалерите за плановите на Сити, ако казната стане извршна.

Како што е познато, Манчестер Сити доби двогодишна забрана за настап на европските натпреварувања, поради нарушувањето на финансискиот фер-плеј, со испраќање на лажни извештаи на кои се прикажуваа повисоки спонзорски доходи, а со цел да се прикријат загубите.