Договорот на Давид Силва со Манчестер Сити истекува на крајот во јуни, но Шпанецот е подготвен да остане на „Етихад“ до крајот на сезоната, која треба да продолжи во јуни. Шпанецот во иднина ќе настапува во МЛС лигата во тимот на Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам.

Иако Сити допрва треба да разговара со Силва официјално, се подразбира дека шпанскиот играч од средниот ред би го одложил своето заминување откако ќе заврши сезоната во која „граѓаните“ се во игра за титулата во ФА Купот и Лигата на шампиони.

Силва со Сити освои четири титули во Премиерлигата, два  ФА Купа и пет Лига купови, но никогаш не ја освои Лигата на шампионите.