Манчестер Сити на официјалниот сајт излезе со своја реакција на одлуката на УЕФА, за отстранување на клубот од европските натпреварувања во следните две сезони.

Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката на УЕФА. Ние секогаш настојувавме во истрагата да учествува и независен орган, кој детално ќе ги сослуша аргументите на двете страни.

Уште во декември 2018 година претседателот на комисијата јавно ја кажа пресудата, иако истрагата во тој момент не беше ниту почната. За ова време протекоа многу информации кои го потврдуваа фактот дека решението е одамна донесено.

УЕФА во овој бесмислен процес е и обвинител и судија. Но, сега нашиот клуб конечно доби можност да му се обрати на независен орган и ние многу брзо ќе поднесеме апелација до Спортскиот арбитражен суд“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Покрај забраната за настап во европските натпреварувања, Манчестер Сити е казнет и парично, со 30 милиони евра.