Манчестер Сити е подготвен да потпише договор со младиот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Намди Колинз, пишува Bild.

„Граѓаните“ се подготвени да платат 2 милиони евра за овој 16-годишен Германец со нигеријско потекло. Колинз моментално игра за младинската екипа на Борусија, каде пристигна од младинскиот тим на Фортуна од Диселдорф.

Во 2016 година Сити од Борусија го купи Илкај Гундоган, за кого плати 27 милиони евра.