Манчестер Сити подготвува нов договор за Рахим Стерлинг, иако минаа точно 12 месеци од последното продолжение на договорот на Стерлинг.

„Граѓаните“ со ова се обидуваат да го осигурат Стерлинг за наредните неколку години, бидејќи за него од пред некое време покажува Реал Мадрид. 24-годишниот крилен напаѓач годинава игра во неверојатна форма и има постигнато 18 гола за клубот во сите натпреварувања.

Сити се подготвени во новиот договор на Англичанецот да му понудат договор до 2023 година и плата од 300 илјади фунти неделно.