Извршниот директор на Манчестер Сити, Феран Сориано, не се согласува со решението клубот да биде отстранет од Лигата на шампионите во следните две години.

Мислам дека клубот треба да го каже ова. Ние тоа треба да го направиме за самите себе, за сите заинтересирани страни, за нашите фанови и за семејството на Манчестер Сити низ целиот свет. Најважно од се е да кажиме – се е лага, чиста лага. Нашите фанови треба да бидат убедени во тоа дека обвиненијата се лажни и дека ние ќе направиме се за да го докажеме тоа.

Сопственикот не инвестирал непријавени средства, имаме стабилни приходи, немаме долгови, нашите сметки редовно и мнгу пати се проверуваат, се е совршено чисто“, вели Сориано