Манчестер Сити се соочува со потенцијално исфрлање од Лигата на шампиони, откако им беше одбиена жалбата од Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Граѓаните“ се под исграта поради тоа што го прекршиле Финансискиот фер-плеј, а случајот беше почнат по информациите кои излегоа во германските медиуми. Одлуката на Судот за казната на Манчестер Сити се очекува на крајот на месецот.

Најстрога казна на англискиот првак може да му биде изречена, доколку бидат исфрлени од  елитното натпреварување за сезоната 2020/21, а во најдобар случај можат да бидат казнети парично.