Пеп Гвардиола е решен да го донесе Џек Грилиш во редовите на Манчестер Сити, кој пак до Астон Вила доцна синоќа доставил понудал од 100 милиони фунти, трета подобрена откако претходно беа одбиени оние од 75 милиони фунти и од 87 милиони фунти плус бонуси.

Астон Вила се уште не се откажува од можноста да го задржи Грилиш и му понуди нов договор но тоа што доаѓа од Сити е побогато и попромамливо.

Сега се зависи од Грилиш и неговата желба, додека Гвардиола се надева дека ќе го добие во својот тим откако не успеа да го убеди Кејн да се пресели во Манчестер.

Манчестер Сити повеќе од шест месеци се поврзува со Грилиш кој во јануари беше трансфер цел на Манчестер Јунајтед но Астон Вила тогаш ја одби понудата од „Ѓаволите“ од 75 милиони фунти.