Манчестер Сити го ангажираше прочуениот кралски адвокат лорд Дејвид Пеник, за да ги брани интересите на клубот во Спортскиот апелационен суд во Лозана, каде „Граѓаните“ вложија жалба на одлуката на УЕФА за двегодишна суспензија на Сити од сите европски натпреварувања.

Лордот Пеник е познат по тоа што ја застапувал противничката на Брегзит, Џина Милер, против владата на Велика Британија и успеал двапати да го одложи излегувањето на Британија од Европска Унија.

Пеник веќе работел со Манчестер Сити во 2001 година, кога ги застапувал интересите на клубот против поранешниот тренер Џо Ројл, кој беше отпуштен.

Инаку, позната е и цената на неговите услуги – 23000 евра дневно.