Жалбата на Манчестер Сити против двегодишната забрана за настап во Европа ќе биде разгледана од Арбитражниот суд за спорт (CAS) во периодот од 8 до 10 јуни.

На Сити им беше изречена забрана за настап во Европските купови од две години и беа казнети со парична казна од 30 милиони евра на 14. февруари поради сериозни прекршувања на Финансискиот фер-плеј на УЕФА.

Во соопштението на УЕФА стоеше дека „граѓаните“ ги лажирале приходите од спонзорствата во периодот од 2012 до 2016 година.

Клубот  беше прогласен за виновен, откако одбиваше да соработува во истрагата.