Италијанскиот селектор, Роберто Манчини тврди дека помалиот финансиски импулс во клубовите, Серија А ја прават да не е најдобра лига во светот, случај каков што не беше во минатото.

„Азурите“ под палката на Мачничи се подготвуваат за Европското првенство 2020, а пласман на истотот обезбедија со перфектните 10. победи во квалификациите од исто толку мечеви. .

„Серија А мора да се врати на нивото од 80-тите и 90-те години на минатиот век, кога беше најдобра лига во   светот. „Денес, разликата помеѓу Италија и другите топ лиги е во ресурсите што им се достапни на клубовите. Се надевам дека во иднина сопствениците ќе го подигнат своето инвестрирање, а со самото тоа нивото на фудбалот ќе биде на едно многу повисоко ниво“-изјави Манчини.