Италија во Лигата на нации во групата ќе игра против Холандија, Босна и Херцеговина и Полска, а селекторот Роберто Манчини по ждрепката во Амстердам рече дека единствена нивна цел е трофејот од ова натпреварување.

Јасно е дека сите селекции се квалитетни.Задоволен сум од ждрепката, но ќе бев дури и ако бевме во група со други селекции. Ние секогаш играме на победа, но во ова натрпеварување главен збор треба да имаат младите фудбалери. Одиме да ја освоиме Лигата на нации“-категоричен беше Манчини.

Италија на ЕП следното лето се пласираше со импресивен биланс во квалификациите со скор од 10 победи во исто толку натпревари.