Селекторот на Италија, Роберто Манчини одлично ја води селекцијта на „аѕурите“ и без никакви проблеми обезбедија пласман на ЕП наредното лето.

Поранешниот тренер на Интер изјави дека Италија додека е тој селектор ќе игра  атрактивен фудбал.

„Можеби освоивме четири Светски првенства со дефанзивна игра, но деновите на играње на контра напади се минато. Ми се допаѓа офанзивниот фудбал и мислам дека денешниот фудбал повеќе се заснова на тој дел од играта. Сакам да играме атрактивен и ефикасен фудбал“-изјави Манчини.

Манчини вели дека вербата во репрезентацијата кај луѓето се врати и дека фудбалот е една од најбитните работи во Италјанската нација.

„Горди сме што се вративме на големите собири. Минатото европско првенство не успеавме, а тоа беше голем шок за нацијата. Оваа земја има голема историја во фудбалот и не може да живее без него. Кога ќе ја слушнам химната пред натрпевар се чуствувам горд и среќен што сум италјанец“– дополни Роберто.