Селекторот на Италија, Роберто Манчини, ја коментираше трката за Скудетото во Италија.

Серија „А“ е одличен турнир. Три екипи се во борба за титулата, а сите директни средби допрва ќе се случат. Нормално е дека Јувентус после толку победнички години доживува потешки моменти. Тоа е поврзано и со заминувањето на неколку фудбалери, но и со појава на нов тренер.

Во Италија сме навикнати да ја преувеличуваме важноста на поразите, но екипата на Сари се уште е најдобра“, изјави Манчини за Gazzetta dello Sport.