Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини смета дека шанса титулата во Серија А имаат Јувентус, Лацио и Интер, иако според него „Старата дама“ има најголеми шанси.

Пред два дена е одлучено сезоната во калчолигата да продолжи од 20.јуни. Пред тоа ќе се одиграат реванш полуфиналните дуели од Копа Италија.

„Лацио и Јуве ќе се борат до крајот, но како што гледаме во Бундеслигата предноста од домашен терен после паузата е многу мала. Кога тоа ќе се земе во предвид мислам дека и Интер има се уште шанси да дојде од Скудетото, иако Јувентус е најголем фаворит според мене“- изјави селекторот на „Аѕурите“.