Актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини успеа од понижена селекција да создаде тим кој сега е почитуван и издвоен за пример.

Италија одигра перфектни клваификации за ЕУРО 2020 и за многумина е фаворит од сенка за континенталниот собир кој е одложен за следното лето.

Манчини покажа дека не секогаш искуството е пресудно и дека со млади но талентирани играчи може да се постигне добар резултат.

„Кога пристигнав, никој не сакаше да биде селектор на Италија, тие ме праша и јас се согласив. Многумина се плашеа да влегуваат во така тешка позиција, но фудбалот носи такви моменти кога треба да имаш малку доверба и да веруваше во квалитетите на младите фудбалери. Мојата идеа беше да направам нешто посебно, да ги зближам луѓето во националниот тим и да создадам добра атмосфера.“ – изјави Манчини.