Роберто Манчини ќе ја предводи Италија на Мундијалот во Катар пренесуваат медиумите од Апенините.

Италијанската фудбалска федерација ја искористила клаузулата за автоматско продолжување на договорот со Манчини.

Во клаузулата стои дека Манчини може да ја напушти позицијата селекторот по квалификациите за ЕП 2020 но откако Италија и официјално се пласираше на следниот континентален собир, договорот е продолжен.

Манчини ја води Италија од мај оваа година а според дел од медиумите од Апенините, овој фудбалски стратег засега е среќен од работата која ја има на кормилото на земјата која не избори пласман на Мундијалот во Русија.