Италијанските фудбалери ја совладаа Турција во првиот натпревар на Европското првенство со резултат 3:0.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини по победата истакна дека не било лесно, но дека неговиот тим играл добро.

„Игравме добро. Не беше лесно со оглед на тоа што ова е прв натпревар во натпреварувањето, а исто така игравме и против добра екипа. Исто така, публиката ни помогна“ – рече Манчини по натпреварот во Рим.

Леонардо Бонучи истакна дека е многу задоволен по првиот натпревар.

„Замислував дека ќе биде вака. Ни претстои долг пат и мора да останеме на земја. Потребен ни е чист ум за да дадеме се што можеме“ – рече Бонучи.

Следниот натпревар Италија го игра на 16 јуни против репрезентацијата на Швајцарија во Рим.