Со обезбеден пласман во осминафиналето на ЕУРО 2020, Италија вечерва без поголем притисок ќе истрча против Велс во последното коло од групната фаза.

Селекторот на Италија, Роберто Манчини добро го анализирал противникот и е свесен за предизвикот.

„ Велс е тежок противник. Овој тим е високо рангиран на листата на ФИФА со години и има квалитетни фудбалери. Велс е типичен британски тим, физички силен. Плус Велшаните веќе освоија четири бода. Ќе се обидеме да победиме, ова е нашата задача за натпреварот.“ –  изјави Манчини.

Италија – Велс играат денеска во Рим од 18 часот.