Селекторот на Италија, Роберто Манчини е загрижен за можностите на Марио Балотели во иднина.

Манчини и Балотели соработуваа во Интер и Манчестер Сити, а на почетокот на од оваа сезона Манчини се надеваше дека во Бреша, Балотели ќе му даде причина да го врати во националниот тим. Откако работите не се сменија, Балотели доби шут-карта во Бреша, Манчини е пред свршен чин.

„Јас се грижам за него без оглед што прави. Тој сè уште беше дете кога станав негов тренер. Тој секогаш бил различен. Се надевам дека ќе направи нешто и ќе се промени. Тој веќе има 30 години и е во најдобра фудбалска возраст. Се надевам дека еден ден ќе се разбуди и ќе престане да го троши својот талент. Марио е извонреден, тој е љубезен и добар, има голем потенцијал, но тој го троши“– рече Манчини.