Марио Манџукиќ не игра за Јувентус  иако формално сеуште е челн на „старата дама“. Маурицио Сари не смета на поранешниот репрезентативец на Хрватска кој ја „грее“ клупата.

Во јануари Манџукиќ се сели во Манчестер кај Јунајтед, конечно се договориле откако пропаднаа преговорите во текот на летниот преоден рок.

Манџукиќ во Јунајтед ќе заработува двојно помалку од актуелниот договор, сака да игра, има 33 години и ќе добива 180.000 евра неделно тврдат медиумите од Англија.

Официјален договор сеуште не е потпишан но извесно е дека ќе го напушти Јувентус во јануари.