Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ е на чекор до заминување од Јувентус. Искусниот напаѓач е во преговори со неколку клубови, а како најверојатна опција се споменува враќањето во Бундеслигата.
Со доаѓањето на Маурисио Сари на клупата на Јувентус, Манџукиќ не најде на излезната врата. За 33-годишниот Хрват е заинтересиран Манчестер Јунајтед, меѓутоа играчот повеќе е заинтересиран за Бундеслигата.
„Il Bianconero“ наведува дека Јувентус ќе се обиде да добие максимум од можната отштета за Манџукиќ бидејќи неодамна потпиша нов договор. Вредноста на пазарот на играчот е 18 милиони евра.
Манџукиќ е подготвен на преговори со германскиот вицепрвак Борусија Дортмунд, кој се чини како најверојатен иден негов клуб.
Be the first to write a comment.