Марио Манџукиќ е на излезна врата кај Јувентус, но се додека не се случи разделбата со „старата дама“ се е во сверата на шпекулациите.

Сепак, како што тврдат медиумите од Италија, Хрватот има две отворени понуди, една од Германија, друга од Шпанија.

Според овие извори, Борусија Дортмунд  и Атлетико Мадрид се можни нови дестинации за напаѓачот на Јувентус кој  не е во комбинација кај новиот тренер Маурицио Сари.

Манџукиќ од Атлетико Мадрид дојде во Јувентус 2015 година за сума од 21 милион евра.