Хрватскиот интернационалец, Марио Манџукиќ го одработи првиот тренинг во новиот клуб и им најави на навивачите да очекуваат добри партии од новата деветка на Пиоли.
„Им благодарам на сите во Милан за можноста да се приклучам во вака голем клуб. Ова е голема чест за мене, можноста да го носам овој исконски дрес и да се борам за „Росонерите“. Можам само да ви ведам дека ќе дадам се од себе на секој натпревар за да му помогнам на тимот на начинот на кој јас знам и можам.“ – вели Манџукиќ.
Манџукиќ уште еднаш ги испровоцира навивачите на Јувентус кои во последните 24 часа на големо го критикуваат изборот на Хрватот за нов клуб во Серија А.
Comments are closed for this post.