Поранешниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ веќе од нарендата сезона ќе се врати во Серија А, откако ќе ја засили Фиорентина. Тој ќе пристигне од катарски Ал-Духаил како слободен фудбалер веќе на почетокот од август.

Според, „Спорт Италија“ Фиорентина му нуди на Хрватот двегодишен договор и плата од три милиони евра по сезона, плус можност за продолжување на истиот за уште една сезона.

Хрватот со Јувентус освои четири Скудета и на 162.настапи во Серија А постигна 44.погодоци.