Марио Манџукиќ се враќа на местото каде освои голема бројка на трофеи, Баерн Минхен е повторно опција за напаѓачот од Хрватска кој е пред заминување од Јувентус.

Како што пишува „Sport Bild “, Баерн Минхен пројавил сериозен интерес да го врати Манџукиќ на местото на успехот. Баерн бара замена за Левандовски , новата политика  на клубот од Минхен е   „чекање“, Карл Хајнц Румениге ја воведе оваа пракса од неодамна , спортскиот директор не сака да брза и чека вистински момент.

Манџукиќ е на листата на желби, тој е добро познат на јавноста во Германија, играше кај Баерн од 2012 до 2014 година, постигна 48 голови, еден во финалето на Лигата на шампионите, два пати ја освои Бундеслигата.

Еден од клучните луѓе кои би помогнале околу овој трансфер е секако сонародникот Нико Ковач, актуелен тренер на Баерн.