Марио Манџукиќ не е во плановите на Маурицио Сари и во моментов е „ни на небо ни на земја“ во Торино.

Од моментот кога Сари е тренер на Јувентус, Хрватот не е во плановите за настап, бараше клуб но Манџукиќ не успеа летово да ја смени клупската средина.

Јунајтед беше многу блиску до договор  со Манџукиќ но до потпис не дојде,  сега Хрватот го чека јануари за преселба во Англија но не во Манчестер, ќе замине  во Лондон, тврдат медиумите од Италија.

Вест Хем е тимот од Англија кој е сериозно заинтересиран за потпис на Манџукиќ, Јувентус бара 10 милиони евра, тимот од Лондон е подготвен да плати.