Хрватскиот фудбалски репрезентативец Марио Манџукиќ не е дел од плановите на новиот тренер Маурицио Сари и напаѓачот на Јувентус е сѐ поблиску до заминување од Торино.

Италијанските медиуми објавија дека Сари веќе му рекол на популарниор Супер Марио дека не е во неговите планови и дека ќе треба да си побара нова средина.

Лацио е најсериозен кандидат за потписот на 33-годишниот хрватски репрезентативец. Манџукиќ,ј има договор со „Старата дама“ до 2021 година, а за четири години во Јувентус одигра 162 натпревари и постигна 44 голови.