Фудбалерот на Ливерпул Садио Мане, смета дека наградата за најдобар играч во Европа не ја заслужил Вирџил Ван Дијк, туку Лионел Меси. Интересно е тоа што токму Меси беше еден од фудбалерите кои дале поени за Мане во трката за најдобар фудбалер во Европа.

Да се добие глас од Меси е голема чест. Нека ми извини Вирџил, но сметам дека Меси е најдобриот“- рече Мане.

Оваа престижна награда замина во рацете на Холандски репрезентативец кој во трката ги совлада двајцата најдобри фудбалери последната декада, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.