Костас Манолас пристигна во Наполи од Рома ова лето и не чекаше многу за да ги испрати први провокации на сметката на ривалот од Торино.

„Сакаме да ја прекинеме доминацијата на Јувентус. Јас одлучив да дојдам тука затоа што вистински верувам дека сме многу блиску до „бјанконерите“. Верувам во овој проект и уверен сум дека тимот ќе го подигне квалитетот на игра оваа сезона.“ – изјави Манолас.

Дефанзивецот ужива во можноста да соработува со Карло Анчелоти а најмногу е импресиониран од квалитетот кој го посадуваат Зелински, Инсиње и Мертенс.