Легендарниот Диего Армандо Марадона, жестоко реагираше на шпекулациите дека боледува од тешка болест, тој демантираше дека има здравствени проблеми иако пред  неколку дена изјави дека поради нарушено здравје го напушта мексиканскиот клуб Дорадос.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња изјави дека му е доста од шпекулации и дека со разните „дијагнози“ кои медиумите му ги препишуваат не смее да се лицитира.

„Се е лага, не умирам, зборуваат дека имам разни болести, последната лага е дека имам Алцхајмер, тоа не е точно, жив сум и немам намера да умрам, дечки не се шегувајте со вакви работи, новинарите измислуваат се  и сешто“ – изјави Марадона.