Легендарниот Диего Армандо Марадона ќе остане на клупата на Гимназија Ла Плата и во наредната сезона, откако го продолжи договорот на уште една година.

Марадона пристигна во Гимназија во септември минатата година, а во тие моменти тимот се наоѓаше на последното место во аргентинскиот шампионат.

Во меѓувреме тимот ги поправи резултатите и пред прекинот на шампионатот беа на 19.позиција од вкупно 24.екипи, што беше назнака Марадона да потпише нов договор.

За потсетување, аргентинските власти одлучија сезоната да бид поништена, односно оваа година нема да има прогласување на шампион, но нема да има и испаѓање во понизок ранг.