Диего Армандо Марадона изјави дека би сакал Наполи да има свој Лионел Меси, но исто така  вели дека фудбалерот на „каталонците“ никогаш не би го доживеал, она што тој го имаше во времето кога настапуваше за тимот од Неапол.

Марадона  за Наполи настапуваше од 1984 до 1991 година, и во тој период освои две Скудеа, Копа Италија и една титула во Купот на УЕФА.

Барселона и Наполи синоќа на „Сан Паоло“ одиграа 1-1 во рамки на осмифиналето од Лигата на шампиони.

Армандот зборуваше за аргентинските новинари пред натпреварот на неговата екипа Гимназија Ла Плата против Баракас во Купот на Аргентина.

„Би сакал да се соочам со Меси. Тој пристигна во Сан Паоло кога не е во најдобрите денови. Меси никогаш не го живеел тоа што го доживеав, јас во Неапол. Тој тоа што јас го направив не можеше да го стори, сепак да разјасниме, сакам Наполи да има свој Меси“-изјави Марадона во негов стил.