Здравствената состојба на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња Армандо Диего Марадона е стабилна и тој полека закрепнува по извршената операција на мозокот.

Информацијата во јавноста ја соопшти вечерва неговиот адвокат Матијас Морла.

Медицинскиот извештај е одличен. Сега треба да останеме силни и да го пребродиме овој тежок период“, изјави адвокатот на Марадона.

Тој додаде дека Дон Диего ќе остане во Аргентина и нема да се врати во Куба или Венецуела.