Ѕвездата на Манчестер Сити, Ријад Марез покрај тоа што го загуби првотимскиот статус кај Гвардиола остана и без вредна колекција на часовници.

Домот на Марез беше ограбен на сличен начин како и оној на Дел Али. Според последните информации од Англија, крадците ги пронашле трите омилени рачни часовници на Марез и ги украле.

Станува збор за часовници со вкупна вредност од 500 000 фунти. Исто така фудбалерот пријавил дека му биле украдени 50 000 фунти во кеш и ретка маичка вредна околу 150 000 фунти. Грабежот се случил на 24 април околу 6 часот наутро.