Крилниот напаѓач на Манчестер Сити кој беше најзаслужен за победата над ПСЖ во реваншот од полуфиналето, Ријан Марез ги пофали своите соиграчи и им го честита историскиот успех.

„Ова беше добар натпревар. Не планиравме да играме на контри но тие ни извршија силен притисок. За пласман во финалето, знаевме дека ќе мора да бидеме добри во одбрана. Не примивме многу голови оваа сезона во ЛШ, сега имаме шанса во сабота да ја освоиме и Премиер лигата, па потоа ќе се концентрираме на финалето во ЛШ.“ – изјави Марез.

Алжирецот ги постигна двата гола на „Етихад“ во победата од 2:0 над ПСЖ.