Според германските медиуми Марио Геце кариерата ќе ја продолжи на Апенините, откако вчера беше објавено дека тој по крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд по втор пат.

Германскиот фудбалер на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, а „милионерите“ нема да ја продолжат соработката со „златното“ момче на Германија.

Засега голем интерес покажуваат италјанските гиганти Милан, Лацио и Рома, понуди кои Геце ги разгледува и само прашање е дали ќе се пресели во Милано или Рим.