Атлетико Мадрид во новата сезона ќе има конкурентен тим за освојување на Примера, прогнозираат медиумите од Шпанија.

Ова доаѓа по потврдата за ангажманот на дефанзивецот на Еспањол, Марио Хермосо кој денеска потпиша пет годишен договор со Атлетико Мадрид.

Хермосо се поврзуваше со преселба и во Реал Мадрид но на крајот „јорганџиите“ ја добија трката. Вчера во Атлетико пристигна Трипиер од Тотенхем.