Според „TuttoMercatoWeb“ а тоа го пренесува  и Скај од Италија, Марио Манџукиќ и Паоло Дибала ќе бидат дел од размената на Јувентус и Јунајтед за потписот на Ромелу Лукаку за „старата дама“.

Јунајтед не попушта  и цената од 80 милиони евра за Лукаку не ја спушта, Јувентус е упорен да го донесе репрезентативецот на Белгија во Торино.

Според последните информации, шампионот на Италија е подготовен во Јунајтед да ги испрати Манџукиќ и Дибала  и да доплати уште 10 милини евра за Лукаку.