Еден од нашите најдобри линиски судии Марјан Кировски ќе го памети денешното  дерби меѓу Вардар и Шкендија, откако за последен пат во својата богата кариера судеше крај аут линијата.

Кировски оди во пензија, откако според правилата на УЕФА ја премина возрасната граница од 45.години. Тој својата судиска кариера ја започна во 1993 година како главен судија за потоа да премине во аутриктери. Тој заедно со Александар Ставрев судеја голем број на интернационални натрпевари во Лигата на шампиони, Лига Европа и репрезентативни дуели.

Кировски се очеква да остане во фудбалот, како дел од судиската органиација, како контролор на судиите.