Карло Анчелоти е нов тренер на Реал Мадрид, враќањето во „кралскиот клуб“ предизвика еуфорија во Шпанија, Италијанецот според Марка, а тоа го пренесуваат медиумите од Хрватска добил предупредување, Лука Модриќ останува играч на Реал.

Има седум играчи кои ќе заминат од Реал Мадрид, Серхио Рамос, Рафаел Варан и Иско се првите тројца кои си одат, потоа на листата за заминување се Лука Јовиќ, Дани Себајос, Маријано Дијаз и Мартин Одегард.

Но според Марка, Лука Модриќ мора да остане, Флорентино Перез не сака да се откаже од Хрватот кој е важен играч кај „кралевите“.

Модриќ сезонава во сите натпреварувања запиша 48 настапи за Реал, а постигна шест гола.