Диего Симеоне не размислува да застане со засилување на екипата, пред се во нападтот по заминувањето на Гризман во Барселона, пренесува шпанска Марка.

Кристијан Ериксен од Тотенхем е резервната опција доколку Атлетико не успее да го купи Хамес Родригез од Реал Мадрид за кој е заинтересиран и Наполи.

Ерикесн има договор со Тотенхем до 2020 година и тимот од Лондон посакува да го продаде ова лето откако играчот соопшти дека нема намера да стави потпис на нов договор.

Ако ова се реализира, Ериксен дефинитивно ќе го смени клубот но прашањето е каде ќе ја продолжи кариерата откако за неговите услуги пројавија интерес и Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Реал Мадрид.