Осман Дембеле има 22 години, во Барселона дојде од Борусија Дортмунд пред две години, три цифри во милиони изнесуваше овој трансфер, односно 125 милиони вкупно.

Дембеле аматерски се однесуваше кога не ја пријави повредата на медицинскиот тим на Баррселона, тој ќе отсуствува пет недели, тоа донесе големо разочарување кај каталонците.

Најлошо од се е пишува „Марка“,  што Дембеле во тој период отпатува во Сенегал  и од клубот не знае што всушност се случува, тој не ги дава очекуваните игри кај Барселона и покрај тоа што е еден од најскапите играчи во клубот, тој е големо разочарување тврди весникот од Шпанија.

Потсетуваме дека Дембеле минатата сезона задоцни тренинг поради тоа што бил преморен играјќи видео игри во текот на ноќта.