Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека Хрватот Иван Ракитиќ бара нов клуб, Барселона го изигра и отпиша, е дел од сторијата посветена на репрезентативецот на Хрватска.

Ракитиќ е речиси шест години во Барселона, летово клубот сакаше да го продаде но тој реши да остане, желбата му беше да се пензионира во гигантот од Шпанија.

Барселона практично му се освети, само еднаш Ракитиќ беше стартер во тимот сезонава, јасно е дека ќе мора да замине упте во зимскиот преоден рок.

Ракитиќ има 31 година, во 2018 година ПСЖ му понуди договор на Хрватот со извонредни финасиски услови, Барселона не го пушти на барање на тренерот Валверде.

За Барселона Хрватот има одиграно 274 натпревари, постигна 34 голови, асистираше 37 пати. Време е за разделба тврди „Марка“ која смета дека Барселона нечесно се однесува кон Ракитиќ, тој е деградиран во резерва на тимот.