Марка денеска пишува дека трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона и офоцијално пропадна.

Шпанскиот весник тврди дека само чудо може да го донесе Мартинез во Барселона до крајот на овој преоден рок.

Барселона и Интер долго преговараа, клубот од Милано не попушти, бараше 111 милиони евра, каталонците немаа толку пари.

Опцијата за Лаутаро во Барселона останува отворена, но ќе почека до следниот преоден рок во 2021 година.