Страотната повреда на Марко Асенсио на мечот меѓу Реал Мадрид   иАрсенал ги менува плановите на Зинедин Зидан.

Асенсио според првите проценки нема да биде во комбинација цела следна сезона, Зидан сега нема друг избор  освен да го задржи Герет Бејл, пишува „Марка“.

Велшанецот е ставен на трансфер листата кај „кралевите“ се бара негов нов клуб, но по оваа непријатна ситуација се чини дека останува во Мадрид.

Друга опција е Бејл да биде продаден,  шанса и поголема минутажа да добие ќе има Јапонецот  Такефусо Кубо, ова сепак според  „Марка“  е помалку веројатната варијанта во изборот на Зидан.