Престижниот спортски весник „Марка“  најавува „бомба“ од Мадрид,   Хамес Родригес кариерата ќе ја продoлжи во Атлетико. Родригес сака да остане во Мадрид но ќе продлжи со Атлетико.

Родригес не сака во Неапол, пресудна е желбата да живее во Шпанија и дресот на Реал ќе го замени  со оној на Атлетико. Со ова се отвара пат за Елиф Елмас кој е пред потпис со Наполи, клубот од Италија ја загуби битката за Родригес.

Според овој извор, деновиве треба да има разрешница, Родригес има договор со Реал Мадрид до 2020 година, сега „кралевите“ сметаат  дека е време да го продадат за да добијат големо обештетување.

Наполи се откажува од трката за потписот на Родригес поради високата откупна клаузула.