Според информациите на Marca, која е традиционално блиска до раководството на Реал, главен приоритет на „Кралевите“ за ова лето ќе биде напаѓачот на Борусија, Ерлинг Халанд.

Според овој релевантен извор, Реал се двоумел во изборот меѓу Лаутаро Мартинес од Интер и Тимо Вернер од Лајпциг, но на крајот реши да се сконцентрира на трансферот на Халанд.

Според договорот на Халанд со Борусија, во 2021 година ќе може да се активира неговата откупна клаузула вредна 75 милиони евра, но наводно Реал не сака да чека и ќе и понуди на Борусија повеќе пари за да трансферот се оформи веќе ова лето.