Филипе Кутињо е на излезна врата кај Барселона, летово со сигурност ќе ја смени клупската средина, според „Марка“ , има избор од три клуба во кој би можел да замине.
Престижниот весник од Шпанија тврди дека ПСЖ, Манчестер Сити и Челзи се можните три дестинации за репрезентативецот на Бразил.
Кутињо во Барселона дојде од Ливерпул во 2018 година, има годишна плата од 13,5 милиони евра, се проценува дека каде и да отиде ќе има иста плата со оглед на барањата на неговиот менаџер. Вредноста на Кутињо според „Трансфермаркт“ изнесува околу 90 милиони евра .
Be the first to write a comment.