Меси се врати, Барселона победи, едноствно екипата е поинаква со него и без него во составот, заклучува престижната „Марка“ од Шпанија.

Аргентинецот го монополизира квалитетот, уникатен е во тимот, без него Барселона  немаше да успее против дефанзивниот Интер, ова се дел од заклучоците во Шпанија по враќањето на Меси во тимот.

Тој беше во фокусот пред мечот, на денот на одигрувањето на средбата и по неа, едноставно е предодреден за победи.

Меси „делеше“ топки во играта со кои соиграчите беа многу опасни по голот на Интер, неговите додавања беа прецизни како и секогаш, во вистинско време, сеуште не е физички подготвен но „десетката“ на Барселона одигра перфектен меч против екипата од Милано.

Покрај тимската игра тој запиша шест шанси, претрча многу, имаше 13 директни дуели со противничките играчи, ова е едно од најголемите враќања на Меси на теренот по повредите, заклучува „Марка“.